Социјалната мрежа TikTok потврди дека ја тестира опцијата, односно копчето за дислајк на коментари и видео клипови.
Новата опција се воведува во согласност со правилата за користење на безбедноста на платформата, а исто така ќе им овозможи на корисниците да означат некои коментари или клипови како „неважни или неприменливи“ без да бидат видливи за другите корисници. Некои корисници претходно забележаа малку поинакви верзии на опцијата.
„Оваа опција ќе биде додадена на низа фактори што ги користиме за да ги одржуваме коментарите постојано релевантни и да остане место за вистинска корисничка активност“, се вели во соопштението.
Tiktok dislike comment button just make it looks messy I think pic.twitter.com/bBNEk6QsXY
— yazz🌵 (@iniyaspip) March 14, 2022
Корисниците на TikTok веќе ја имаат опцијата за дислајк на клипови, со која може да и сигнализираат на апликацијата дека не им се допаѓа одредена содржина. Опцијата дислајк за коментари се појавува заедно со опцијата за пријавување коментари за кршење на правилата на платформата.
TikTok експериментира и со испраќање потсетници до креаторите на содржини за способноста да се филтрираат коментарите, групно блокирање и бришење на коментарите кои добиваат многу негативни коментари.
Во својот извештај за транспарентност, TikTok наведе дека отстранил 85 милиони коментари помеѓу октомври и декември 2021 година, поради прекршување на правилата, што е околу еден процент од сите објавени клипови.