Корејскиот електричен хечбек, првиот од новата електрична линија на Ioniq освои голем број вредни награди – во категориите дизајн и електричен автомобил на годината, а сето тоа крунисано со награда Светски автомобил на годината
Њујорк е дом на овогодинешните награди за Избор на светски автомобил на годината, а оваа година Hyundai има неколку причини за славење. Некако очекувано, во изборот доминираат електричните автомобили. Тие се закитија до дури пет од шесте награди на овогодинешниот избор.
Официјално, Ioniq 5 е Светски автомобил на годината за 2022 година, светски електричен автомобил на годината и автомобил со најдобар дизајн на годината, или три од вкупно шесте награди. Во финалното гласање за Светски автомобил на годината, Ioniq 5 добил најмногу гласови во однос на ривалите (Ford Mustang Mach-E и Kia EV 6). Причини за славје имаат и Audi, Mercedes и Toyota.
Спортски автомобил на годината 2022
Наградата за спортски/перформантен светски автомобил на годината ја доби уште еден електричен автомобил – Audi e-tron GT. Електричниот седан од Инголштад ги победи BMW M3, BMW M4 и Toyota GR86 / Subaru BRZ и освои уште една титула во низа.
Луксузен автомобил на годината 2022
Уште еден германски EV – Mercedes EQS – ја освои титулата светски луксузен автомобил на годината. Тројцата финалисти кои беа во трката за наградата беа електричниот теренец BMW iX, Genesis GV70 (ICE SUV) и електричниот луксузен седан EQS. За победник е прогласен токму крстосувачот од Штутгарт.
Градски автомобил на годината 2022
Единствената категорија во која победникот не е елктричен автомобил е Светски урбан автомобил на годината. Ова е главно затоа што ниту еден од трите финалисти – Opel Mokka, Toyota Yaris Cross и VW Taigun произведени во Индија – не е исклучиво електричен. По пребројувањето на гласачките ливчиња, Toyota Yaris Cross е победникот и добитник на наградата Светски урбан автомобил за 2022 година.