На сите ни е веќе позната политиката за ребрендирање на телефоните на Xiaomi, а компанијата често може да ја збуни јавноста. Минатата година, Xiaomi го претстави Redmi Note 10T 5G во Индија, а сега компанијата објави уште еден Redmi Note 10T 5G во Јапонија.
Индискиот Redmi Note 10T 5G и јапонскиот не се идентични, а згора на тоа немаат ни многу сличности. Така, јапонскиот Redmi Note 10T 5G го покренува Qualcomm Snapdragon 480 чип, кој доаѓа со поддршка за 5G. Пристигнува во комбинација со 4GB RAM и 64GB внатрешна меморија. Има и слот за microSD картичка.
Телефонот има 6,5-инчен IPS LCD екран со резолуција од 2400 x 1080 пиксели. Стапката на освежување на екранот е 90 Hz и е заштитен со Gorilla Glass 3 заштита. На предниот дел има отвор за предната камера.
На задната страна, Redmi Note 10T 5G има правоаголен заоблен модул, во кој се наоѓаат сензорот за главната камера од 50 MP, сензор за длабочина од 2 MP и LED блиц. Под капакот на телефонот се наоѓа батерија од 5000 mAh со поддршка за брзо полнење од 18 W.
Уредот се испорачува со Android 11, кој е обложен со MIUI 13 интерфејсот на Xiaomi. Меѓу останатите карактеристики, смартфонот има скенер за отпечатоци од десната страна, Wi-Fi 6, како и поддршка за Bluetooth 5.1.
Цената на Redmi Note 10T 5G во Јапонија изнесува 275 долари. Ова е цена за моментно единствената верзија со 4 GB RAM и 64 GB простор за складирање. Достапен е во три бои – црна, зелена и сина. Не се познати детали за меѓународната достапност на телефонот, но не би не изненадило да стигне под некое друго име на глобалниот пазар.


