Apple наскоро би може да претстави нова линија на Mac компјутери, кои ќе работат со чипот од следната генерација на компанијата.
Според Марк Гурман од Bloomberg, Apple започнал со тестирање на најмалку девет модели на Mac со четири различни M2 чипови, што сугерира дека компанијата се подготвува наскоро да ги објави.
Apple ги тестира споменатите уреди со помош на надворешни апликации од App Store, а информациите од нив ни даваат подобар увид во тоа што можеме да го очекуваме од следната линија компјутери на компанијата.
Еден од уредите што се тестираат е MacBook Air со M2 чип, а има осум јадра на процесорот и десет графички јадра. Претходните извештаи сугерираа дека следниот MacBook Air ќе претрпи голем редизајн, кој вклучува потенки рамки, повеќе портови и MagSafe полнење
Apple наводно тестира и неколку Mac mini компјутери, M2 и M2 Pro со чипови, како и подостапниот M2 MacBook Pro со исти спецификации како гореспоменатиот MacBook Air.
Гурман споменува и дека компанијата тестира нови 14-инчни и 16-инчни MacBook Pro лаптопи, со 64GB RAM меморија, кои ќе користат M2 Pro и M2 Max чипови.
Конечно, тука е новиот Mac Pro, кој ќе го користи наследникот на M1 Ultra чипот. Неодамна беше објавен M1 Ultra и го претставува најмоќниот чипсет на Apple, а моментно се наоѓа во новиот компјутер на Apple – Mac Studio.
Марк Гурман наведува дека нема гаранции дека Apple ќе ги објави сите модели што моментано ги тестира, но верува дека новите MacBook Air и Mac mini, како и подостапниот MacBook Pro се речиси сигурни за оваа година.


