Најновиот паметен часовник на Apple, Watch Series 8 би требало да се појави во втората половина на 2022 година. Се очекува да биде лансиран заедно со iPhone 14 серијата, што значи дека го очекуваме оваа есен. Сепак, во овој момент веќе се познати неколку интересни информации за тоа што овој нов паметен часовник на Apple би можел да им донесе на корисниците.
За почеток, нема да има никакви промени во името на овој уред и се претпоставува дека Apple ќе се придржува до воспоставените практики. Дополнително, може да се случи во текот на годината да се појави и подостапниот модел на Apple Watch, серијата SE, но за тоа засега нема официјални или неофицијални информации. Значи, се претпоставува дека Apple Watch SE ќе се појави во одреден момент по новиот мобилен телефон iPhone SE.
Што се однесува до оперативниот систем што ќе го користи овој паметен часовник, најверојатно тоа ќе биде најновиот watchOS 9. Во моментов нема важни информации поврзани со овој OS, но платформата се очекува да биде претставена на WWDC конференцијата за програмери на компанијата Apple, којa ќе се одржи од 6 до 10 јуни.
Што се однесува до точниот датум на претставување на уредот, земајќи ги во предвид стандардните практики и историјата на лансирање на Apple Watch моделите, тоа најверојатно би требало да биде во текот на септември.
Дизајнот на новиот паметен часовник може да донесе неколку интересни промени. Се шират гласини се дека овој часовник би можел да има рамни рабови, за кои се говореше дека треба да се појават и на Series 7. Дополнително, се зборува и за додавање на нова големина на дисплејот покрај постоечките два со цел на корисниците да им се овозможи уште поголем избор.
Останатите информации го вклучуваат сензорот кој би ги предупредувал корисниците за повишена телесна температура, како и нов чипсет дизајниран да работи со новиот паметен часовник. Конечно, се очекуваат подобрувања во рамките на апликацијата Health, како и голем број нови софтверски можности.