Пред нешто повеќе од една година, ко-основачот на Twitter, Џек Дорси, ја понуди на продажба првата објава од оваа социјална мрежа, поврзана со незаменлив дигитален токен, NFT. Твитот што го лансираше Тwitter се смета за историски, го спомна и оригиналното име на мрежата „twttr“, и како таков треба да биде вреден за собирачите на дигитални токени. Така Дорси претпоставил и го понудил својот твит на продажба, а тоа се покажало како мудар потег – тој добил 2,9 милиони долари од продажбата, кои ги проследил во добротворни цели.
И иако продажбата на таков значаен NFT беше паметен потег, се чини дека купувањето не е. Купувач на токенот на Дорси беше малезискиот претприемач Сина Естави, кој го претстави своето купување како инвестиција. Најавувајќи дека NFT на првиот твит во иднина ќе биде многу повреден, тој рече дека „сè уште никој не слушнал за NFT, а тие се како Мона Лиза на дигиталната уметност“, а тој тврдеше дека има понуда да го продаде овој токен во износ од дури 10 милиони долари – повеќе од тројно поврат на својата инвестицијата.
Но, една година подоцна, реалноста тоа го негираше. Естави одлучи да го продаде NFT за првиот твит во историјата преку платформата OpenSea и објави дека 50% од конечната продажна цена ќе биде донирана во добротворни цели. Тој амбициозно процени дека NFT ќе се продаде толку скапо што 50% ќе изнесува повеќе од 25 милиони долари. Погодувате – неговиот план досега не се остварил, а не е ни блиску до тоа.
На аукцијата, која сè уште е активна, Естави доби највисока понуда од само 2,2 ETH, или нешто повеќе од 6.800 долари. Тоа е само 0,24% од сумата што ја платил за овој NFT минатата година. Тој изјави за Би-Би-Си дека нема да го продаде на крајот „освен ако не добие многу висока понуда“. Тој не ја откри целната сума, но за верување е нешто повисока од она што сега му се нуди.
I decided to sell this NFT ( the world's first ever tweet ) and donate 50% of the proceeds ( $25 million or more ) to the charity @GiveDirectly
🖇 https://t.co/cnv5rtAEBQ pic.twitter.com/yiaZjJt1p0— Estavi (@sinaEstavi) April 6, 2022
Тој потврди дека не му недостасуваат амбиции со изјавата дека „нема никому да продава NFT“, односно дека само „личност како Елон Маск заслужува да ја има“.
„Мислам дека вредноста на овој NFT е значително повисока отколку што мисли некој, и кој сака да го купи треба да вреди“, заклучува Естави.