Кина ќе испрати уште тројца астронаути во својата најнова вселенска станица Тиангонг во јуни, откако претходниот екипаж се врати на Земјата во саботата по шестмесечен престој во орбитата, објавија властите на земјата.
Кинеската канцеларија за вселенско инженерство објави дека екипажот на новата капсула Shenzhou 14 ќе помине шест месеци во Тијанонг, со цел да додаде два модула на таа вселенска станица.
Во саботата, екипажот Шенжу 13 слета во пустината Гоби во северниот регион на внатрешна Монголија.
Кина беше третата земја која самостојно лансираше астронаут во вселената по поранешниот Советски Сојуз и САД, додека Тиангонг е третата кинеска вселенска станица по претходните, лансирани во 2011 и 2016 година.
Кина е исклучена од Меѓународната вселенска станица поради загриженоста на САД дека нејзината вселенска програма ја води армијата на владејачката Комунистичка партија, Народноослободителната армија.