Три континенти ќе бидат застапени на 21. издание на Офф-фест, што ќе се одржи од 1 до 4 јуни во Националната опера и балет и Младинскиот културен центар во Скопје.
Како ретко кога, домашни музичари ја добија честа да го отворат фестивалот, групата „Перија“ и дуото Добрила и Дориан.
На вториот ден ќе настапат мајсторот на кора од Мали, Балаке Сисоко и бразилскиот гитарист Лукас Сантана, а третата вечер ќе се состои од проекцијата на документарниот филм „Кралевите на румбата“ и концертот на колумбиското инструментално трио „Лос Пирањас“.
Фестивалот го затвораат италијанската пејачка Марија Мацота, Ненси Вјеира, која ќе го претстави музичкото наследство на африканската држава Зелен ‘Рт и деветчлената супергрупа од Гана, „Сантрофи“.