Во услови на растечки цени, ПроКредит Банка во соработка со Македонска Банка за поддршка на развој овозможува нова поволност за своите бизнис клиенти, преку целосно субвенционирање на каматната стапка за обртни средства на сите правни лица кои оствариле добивка во 2021 г. и ќе донесат одлука истата да ја реинвестираат. Соработката ќе донесе навремена и важна финансиска поддршка за ликвидноста на компаниите, што понатаму се рефлектира и врз подобрување на општата економска клима во земјата.
Станува збор за субвенционирана каматна стапка за новоодобрени кредити за квалификувани правни лица кои се клиенти на Прокредит Банка, а која е во целост субвенционирана од страна на Македонската Банка за поддршка и развој. За овој тип на кредит може да аплицираат сите правни лица во приватна сопственост регистрирани во Северна Македонија, кои ги исполнуваат следните услови:
– Остварена нето добивка во 2021 од минимум 1.500.000 ден.;
– Компании кои ќе донесат одлука да ја реинвестираат добивката;
– Износ на кредит: од 300.000 ден. – 30.000.000 ден.
– Рок на отплата: до 12 месечни рати
Дополнителна предност се минималната потребна документација за аплицирање и брзото време на процесирање, што се воедно и главните предности на Прокредит Банка и нејзините целосно онлајн банкарски сервиси за правни лица.
Повеќе информации може да најдете на веб страницата на Прокредит Банка