Веќе се појавија некои од поинтересните карактеристики на Android 13 TV оперативниот систем, од кои двете најбитни се подобрувањето на режимот за слика во слика, како и намалената потрошувачка на електричната енергија во standby режимот на работа.
Во овој момент, Android TV оперативниот систем веќе ја поседува функционалноста за прикажување слика во слика, додека односот на страните на екранот на помалата слика е 1.777778:1, што се покажа како многу добро за прикажување содржини кои се во стандарден 16:9 распон на екранот. Но, програмерите можат и да го променат односот на страни на picture in picture модот на под 1:2.39 или над 2.39:1, доколку е тоа неопходно.
Сега, според информациите до кои дојде Мишал Раман, новинар на магазинот Еспер, компанијата Google планира дополнително да ја унапреди оваа функционалност во Android 13 TV системот, со цел на програмерите да им овозможи полесно креирање на слика во слика, која може да биде и поголема и помала од актуелните вредности.
Покрај тоа, се појавија и наводи и за новата функционалност под името setPreferDockBigOverlays, која ќе им овозможи на корисниците да постават слика во слика на друга локација, поблиску до нивната главна активност на телевизорот, за да можат полесно да обрнат внимание на двете содржини кои ги следат.
Android 13 TV ќе им донесе на корисниците и нов „low power standby mode“, кој ќе го исклучи „wakelock“ и ќе спречи апликациите да пристапуваат на интернет кога телевизорот е исклучен. Дополнителна добра страна на ова е што телевизорот ќе користи помалку проток на податоци кога е исклучен и помалку ќе ја оптоварува домашната интернет мрежа.
Ако Google се придржува до нивниот стандарден распоред за објавување на оперативните системи, Android 13 TV треба да се појави пред корисниците во текот на ноември оваа година, а производителите на телевизори ќе треба да имплементираат овој нов оперативен систем во нивните модели.