WhatsApp моментно тестира опција која ви овозможува да го скриете статусот „last seen“ од одредени кориснички контакти, а ќе биде достапна на уредите со Android и iOS.
WhatsApp започна да воведува емоџи реакции и наскоро ќе имплементира уште една корисна опција. Станува збор за опција која им овозможува на корисниците да го сокријат „last seen“ статусот од одредени контакти.
Статусот „last seen“ покажува кога корисникот последен пат ја проверил / користел апликацијата.
WhatsApp досега им дозволуваше на корисниците да ја ограничат видливоста на нивниот „last seen“ статус само на нивните контакти и целосно да го исклучат, но наскоро ќе може да оневозможат одредени контакти за да ги видат споменатите информации.
WhatsApp iOS бета верзијата 22.9.0.70 ја содржи опцијата „My Contacts Except“ во делот „last seen“ во поставките за приватност. Но, ако корисникот оневозможи одреден контакт за да го види неговиот статус, исто ќе биде и обратно.
Покрај тоа, WhatsApp воведува дополнителни контроли за приватност поврзани со фотографиите на профилот и друго, а со оглед на фактот дека бета тестирањето е во тек, нема да чекаме долго за новите опции.