MacBook Air е еден од најинтересните и најпопуларните лаптопи на Apple, а веќе подолго време се зборува за претстојната линија на овие компјутери. Наскоро се очекува и официјална најава на новиот редизајниран MacBook Air, но досега немавме повеќе информации каков ќе биде пристапот кон новиот индустриски дизајн.
Сега е достапна првата фотографија од претстојниот MacBook Air лаптоп за 2022 година, која ни дава некои информации поврзани со дизајнот на овој уред. За почеток, забележливи се различни линии, кои најмногу се забележуваат на долниот раб на уредот, што може да се види на фотографијата. Секако, овој лаптоп е познат по тенките контури и малата тежина, а сега долните рабови се дополнително заоблени, што дава уште посилен впечаток на тенок лаптоп.
Покрај тоа, се очекува дека MacBook Air ќе добие некои од функциите на MacBook Pro и 24-инчниот iMac, но засега не се знае за кои точно се работи. Според гласините, тежината на новиот Apple MacBook Air би требало да биде само 1,3 килограми, што е навистина импресивно, посебно ако се земат предвид техничките карактеристики кои се очекуваат од овој уред.
Постојат и силни индикации дека Apple ќе го претстави својот нов MacBook Air во неколку различни бои, што значи дека се прави мало отстапување од премиум сребрените лаптопи за да им се даде на корисниците поголема разновидност при изборот на изгледот на нивниот компјутер.
Според некои неофицијални информации, овој лаптоп ќе има 13,6 инчен мини-LED дисплеј кој би требало да обезбеди одлични перформанси. Покрај тоа, се очекува и редизајнирана тастатура која би требало да биде слична на онаа на Apple MacBook Pro лаптопите, како и М2 чипсет, кој се уште не е претставен во јавноста.
Лаптопот треба да им обезбеди на корисниците 20 часа автономија со простор за складирање до 2 TB. Што се однесува до датумот на објава, тоа може да биде октомври, односно традиционалниот настан посветен на Mac компјутерите на Apple.