Американскиот милијардер, бизнисмен и визионер Елон Маск тврди дека до 2050. година веројатно во секој дом ќе постои хуманоиден робот.
Елон Маск во едно неодамнешно интервју рече дека неговата компанија Tesla развива технологија за самоуправување и ја пренесува својата работа на роботиката, а истакна и дека повеќето домови ќе имаат хуманоиден робот во не толку далечна иднина. Тој како услов го наведе напредокот на технологијата за вештачка интелигенција.
„Додека го решавате проблемот со технологијата за вештачка интелигенција за автомобили, кои всушност се роботи на тркала, решението можете да го генерализирате и за роботите на нозе“, рече Маск.
Тој го истакна фактот дека компаниите како Boston Dynamics го покажаа својот потенцијал во развојот на хуманоидни роботи, но посочи и дека сè уште не сме многу блиску до користење на AI технологијата за да им помогнеме на домаќинствата.
„Работите што моментално недостасуваат се доволна интелигенција за роботот да се движи наоколу во реалниот свет и да прави корисни работи без потреба од експлицитни инструкции. Тоа се работи во кои ние во компанијата Tesla сме многу добри. Треба да дизајнираме специјализирани актуатори и потребни се сензори кои се потребни за хуманоиден робот. Луѓето сè уште не се свесни за тоа, но ова ќе биде позначајно од автомобилот“, рече Маск.
Тој нагласи дека светот ќе мора да работи напорно за да избегне дистописко сценарио когае во прашање технологијата на вештачка интелигенција. Маск истакна дека неговата компанија Neuralink е делумно основана со цел да се „ублажи заканата од AI технологијата“.
Американскиот бизнисмен рече дека локализираниот ROM чип кој нема можност за ажурирање „over the air“ може да помогне во одржувањето на безбедноста, вклучително и способноста роботот да ја препознае командата и да ги прекине тековните активности кога некое тоа го бара некое лице. Тој исто така додаде дека треба да има регулаторна агенција за технологијата на вештачка интелигенција.
Маск верува дека хуманоидниот робот прво ќе извршува опасни и здодевни работи кои човекот не сака да ги прави, а потоа ќе стане понапреден и тоа ќе му овозможи да се грижи за луѓето, да подготвува оброци, да го коси тревникот и многу повеќе.