Шесте уреди во рамките на серијата Little Signals се засноваат на употреба на воздух, копчиња, движења, ритам, сенки и допири, за да го информираат корисникот за пристигнатите нотификации
Навистина ни е доста од многуте непријатни аларми, гласни ѕвона и постојани твитови од примени SMS пораки. Се чини дека Google размислува на ист начин, а доказ за тоа е новата технологија на која работи. Се работи за Google Little Magic, што претставува линија на интересни концепти, со кои технолошкиот гигант се обидува да го редефинира начинот на кој нашите уреди не информираат за најновите активности на нашите уреди.
Да ги споредиме двете ситуации. Во двете сценарија, треба да се разбудиме во 6 часот наутро и да одиме на службено патување. Од една страна го имаме класичнот аларм кој користи прогресивно погласен звук за да ни укаже дека е време за станување. Но, кој се уште сака аларми што нè будат од сон и нè тераат да стануваме и да се нервираме во ионака стресните денови.
Од друга страна е Little Signals, концепт развиен од Google кој се обидува целосно да ги промени известувањата. Значи, будењето е исто така во 6 часот наутро, но сега веќе нема аларм, нема гласни звуци, мелодии и песни кои сите ги замразуваме колку подолго се повторуваат. Сите оние кои ги ставаат омилените песни како аларм веројатно знаат за што зборуваме.
Little Signals тоа го менува, обидувајќи се да ги разбуди корисниците, со користење на благи воздушни струи, тивки природни звуци како ветер, лесно чукање (тапкање) по рамото и сенки кои би се простирале низ собата на корисникот.
Официјално, шесте уреди во рамките на серијата Little Signals се засноваат на употреба на воздух, копчиња, движења, ритам, сенки и допири, за да го информираат корисникот за пристигнатите нотификации или, во нашиот случај, времето за станување. Значи, кој би можел да биде нервозен пред службено патување ако го разбуди нежен допир на свеж воздух по лицето? Во ред, можеби допирот во текот на спиењето би било навистина непријатен, но другите концепти изгледаат повеќе од интересни.
Сето ова моментно се случува во рамките на проектот Google Experiments, кој создаде многу производи што моментно се користат низ светот, како што се Google Chrome, Android и многу други. Дали Little Magic ќе вроди со плод останува да видиме, но се надеваме дека тоа ќе биде случај, бидејќи ова секако е интересна иновација која би послужила, ако ништо друго, тогаш барем за помирно будење.