По ажурирањето на софтверот објавено од Google за најновите флегшип смартфони, корисниците на Pixel 6 известуваат дека нивните уреди автоматски ги одбиваат повиците.
Паметните телефони на Google веќе имаа проблем со менување на вибрациите за известувањата кои се менуваат без објаснување, а сега имаат уште поголеми потешкотии бидејќи уредите автоматски и „тивко“ ги одбиваат дојдовните повици, испраќајќи го повикувачот директно на говорната пошта.
Со преглед на повикот, корисниците забележуваат дека дојдовниот повик е „одбиен“, но телефонот всушност не ни заѕвонел. Сите корисници со овој проблем тврдат дека немаат никаква „Не вознемирувај“ поставка или друга активна опција што може да ги блокира повиците.
Засега нема друг начин да се реши овој проблем освен ресетирање на смартфонот. На проблеми воглавно се жалат корисниците на Pixel 6 и Pixel 6 Pro, но проблеми имаат и оние кои поседуваат постари Pixel уреди се до моделот 2XL.