Медицински тим бил „испратен“ на Меѓународната вселенска станица како холограм, известија од американската вселенска агенција NASA. Ова се случи кон крајот на изминатата година со помош на технологија од Microsoft и стартап-компанијата AEXA Aerospace
Лекарите биле првите луѓе што биле испратени како холограм во вселената. „Ова е целосно нов начин на човечка комуникација преку големи дистанци. Покрај тоа, ова е сосема нов начин на човечко истражување, со кој луѓето може да патуваат надвор од планетата“, изјави хирургот Џосеф Шмид, еден од докторите што учествувале во проектот.
Microsoft работи на технологијата за холограми од 2016 година. За таа да функционира, потребна е специјална камера од компанијата и софтвер од AEXA Aerospace.