Американската авиокомпанија Delta потврди дека ја тестирала сателитската интернет мрежа Starlink на компанијата SpaceX.
Извршниот директор на Delta, Ед Бастијан потврди дека е извршено тестирање на Starlink технологијата, а иако не откри повеќе детали, јасно е дека една од најголемите американски авиокомпании е заинтересирана за сателитската интернет услуга поддржана од SpaceX и нејзиниот основач и директор Елон Маск.
Во јули минатата година, SpaceX потврди дека е во преговори со претставници на неколку авиокомпании и дека се обидува да го „финализира производот што ќе се најде во авионите во многу блиска иднина“.
Неколку месеци претходно, SpaceX побара од властите дозвола да им обезбеди свои услуги на возилата во движење, како што се авионите, чамците и камионите. Маск истакна дека технологијата е „едноставно преголема“ за патничките автомобили. Американските медиуми пишуваат дека Маск добил дозвола барем за тестирање на технологијата наменета за авиони, но дека е потребна и дозвола за продажба на услугата.
Во SpaceX очекуваат многу од Starlink мрежата, а во случај на интернет достапен во авионите, целта е секој патник да може истовремени да гледа некој стрим. Ова ќе бара поголема интернет брзина, бидејќи Netflix препорачува 5 Mbps за еден стрем во 1.080p резолуција
Моментно во авионите на Delta е достапен Viasat Wi-Fi, кој го користат и компаниите United и American.