Едно од најголемите подобрувања што пристигнуваат во новата верзија на Android 13 платформата е Framerate Intervention. Функцијата овозможува да се извршат командни инструкции во оперативниот систем што ќе го форсираат фрејмрејтот.
Ова ќе биде од големо значење кога станува збор за игрите. Иако во некои игри повисокиот FPS може да направи да изгледаат пофлуидно, во некои игри е неопходно да се намали фрејмрејтот за да функционира на соодветно ниво.

Друга карактеристика, која исто така е ориентирана кон игрите, е способноста да се специфицираат состојбите на Android GameManager API. Ова ја вклучува состојбата, како што е GAME_LOADING, која го информира оперативниот систем дека играта се вчитува. Ова значи дека процесорот ќе се фокусира на насочување на информациите за играта во меморијата, за да обезбеди побрзо вчитување.
Дополнителни подобрувања за гејминг ќе бидат обезбедени од Programmable Shaders. Android Gaming Shading Language е дизајниран за овој оперативен систем, а шејдерите се таму за да обезбедат подобар и пореален приказ на водата, заматување, попрецизни детали на дрвата и длабочина на 2D текстура.

Android 13 ќе пристигне и со голем број други подобрувања, од кои некои се фокусирани на безбедноста и спречување на малициозен софтвер, оневозможување на нови Wi-Fi конекции за бизнис и многу повеќе.


