Првиот квартал секогаш има тенденција да биде бавен, но оваа година постојат дополнителни фактори (војна во Украина, нова блокада во Кина, глобална инфлација) кои доведоа до пад на испораките на паметните телефони за 11 проценти. Двата водечки производители, Samsung и Apple, ги објавија најавените телефони, што им помогна да го прошират својот удел на пазарот, додека останатите три во Топ 5 малку паднаа.
Samsung повторно е на врвот со удел од 24 отсто, во однос на 19 проценти во празничниот квартал и 22 отсто во првиот квартал минатата година. Како и обично, лансирањето на iPhone пред крајот на годината доведе до пораст на Apple во четвртиот квартал, но Samsung го врати првото место со силната продажба на флегшип моделот Galaxy S22 и солидната побарувачка за Galaxy A серијата.
iPhone исто така се продава прилично добро. И покрај извештаите за намалено производство, третата генерација на iPhone SE е „важен погон од среднaта класа за Apple“, пишуваат аналитичарите на Canalys. Операторите бараат 5G телефони за продажба, а SE (2022) е најевтиниот 5G iPhone. Серијата iPhone 13 и натаму е силен двигател на продажбата.
Xiaomi го држи третото место со пазарен удел од 13%, што е за процентен поен помалку од минатата година. Релативно силните продажни перформанси се должат на популарната серија Redmi Note.
Бројките на Oppo ги вклучуваат телефоните на OnePlus и имаат 10% (11% пред една година). Тоа е процентен поен повеќе во однос на четвртиот квартал, но компанијата сè уште заостанува зад Xiaomi на глобално ниво. Сестринската компанија Vivo останува на 8%, иако во првиот квартал минатата година беше на 10 проценти.
Извештајот на компанијата Canalys завршува со порака полна со надеж за блиска иднина: „Добрата вест е дека болниот недостиг на компоненти може да се подобри порано од очекуваното, што секако ќе помогне да се намалат притисоците на трошоците“.