Минг-Чи Куо е еден од најпознатите дојавувачи во светот на паметните телефони, а посебно е познат по информациите за уредите на Apple. Сега пренесува детали за предната камера на iPhone 14 моделите. Имено, Куо наведува дека Apple оваа година ќе ја подобри предната камера кај iPhone 14 серијата.
Тој известува дека сите четири модели од серијата iPhone 14 – iPhone 14, iPhone 14 Max, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе имаат надграден сензор за предна камера со отвор на бленда f/1.9 и поддршка за автоматско фокусирање. Оваа информација секако ќе ги воодушеви оние кои сакаат да прават селфи фотографии, а во денешно време такви има многумина
За потсетување, моментната селфи камера на iPhone 13 моделитѕе доаѓа со отвор на бленда f / 2.2 и фиксен фокус, а доколку наводите на Куо се покажат точни, ова ќе биде значително подобрување на предната камера.
Со поширок отвор на блендата, iPhonе уредите ќе можат да доловат повеќе светлина. Тој известува дека подобрувањето на предната камера ќе вклучува подобрени ефекти на длабочина на полето, како и подобрени видеа во портретен режим.
Од друга страна, поддршката за автофокус ќе го подобри фокусот за време на FaceTime повик или видео повик користејќи други апликации.
Куо пред извесно време објави дека Apple оваа година значително ќе ги дистанците Pro моделите од стандардните. Според него, iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max ќе се испорачуваат со Apple A16 Bionic чипот, додека другите два модела – iPhone 14 и iPhone 14 Max ќе пристигнат со истиот чип како и iPhone 13 уредите – Apple A15 Bionic.