- Метаверзумот на Telekom Electronic Beats во кој се сместени клуб, кино и музичка продавница ќе биде промовиран денес на платформата Roblox
- Диџеј Борис Брејча ќе пушта музика во клубот како аватар од 22-24 април
- Анимацијата е дело на талентирани уметници како Џек Сакс, Хеин Ким и Александра Бокова
- Дојче Телеком е првиот телекомуникациски оператор којшто се приклучува на Roblox
Денес Telekom Electronic Beats (TEB) повторно се приклучува во метаверзумот за да го промовира виртуелното клупско искуство „Beatland“ на онлајн платформата Roblox (NYSE: RBLX). Дојче Телеком е првата телекомуникациска компанија со свое метаверзум искуство на Roblox. По повод промоцијата, диџејот и продуцент Борис Брејча ќе има бројни сетови во виртуелниот клуб од 22 до 24 април. Покрај тоа што ќе можат да одат во клубот, корисниците ќе можат да купуваат и дигитални предмети во музичката продавница, како и да го посетат киното за да гледаат кратки, анимирани филмови од избрани уметници.
Настани во живо во метаверзумот
Борис Брејча, диџеј којшто имал бројни сетови во живо низ Европа, САД и Јужна Америка, ќе пушта музика во клубот „Битленд“ во форма на аватар од петок 22 април до недела 24 април: „Клабингот во денешно време претставува спој на она што е реално и она што е мета. Сите ние се стремиме кон нови технологии и иновации во културата на ноќниот живот. Навистина сум возбуден што ќе можам да комуницирам со заедницата, пуштајќи музика како аватар во метаверзумот – „Beatland“ на Telekom Electronic Beats“, вели Брејча.
Светот на „Beatland“ е дело на The Gang од Шведска, едно од водечките креаторски студија за Roblox, во соработка со Art Direction и Design Studio Yukiko од Берлин и аниматорот Џек Сакс. Тимот тесно соработуваше со FSM (Германско здружение за доброволна саморегулација на даватели на услуги за дигитални медиуми) за да создаде виртуелен свет во кој безбедноста е клучна цел. Како резултат на тоа, метаверзум искуството ги зближува младите луѓе од целиот свет со цел да ја искусат музичката култура на сосема нов начин.
Интеракција и гејмификација
Корисниците ќе можат активно да се вклучат во различни улоги во рамки на „Beatland“, преку разни виртуелни работни места во ноќниот живот на „Beatland“, како што се: менаџер на музичка продавница, промотер или вратар на ноќен клуб. Сите во форма на аватар.Корисниците ќе можат да купуваат различни облеки за нивните аватари и разни дигитални производи во музичката продавница и во продавницата на Телеком со своите Beat Coins, виртуелна валута којашто ќе се заработува со извршување активности во „Beatland“. Приходите, собрани преку продажбата на „верчот“, потоа ќе се искористат за проширување и подобрување на целокупниот свет на „Beatland“. Посетителите на киното ќе можат да гледаат кратки филмови од Хеин Ким и Александра Бокова, чијашто цел е да ја подигнат свеста за општествено релевантни теми.
„Повеќе од 20 години, нашата платформа TEB е мостот којшто ги спојува културата и технологијата. Многу сум горд што успеавме да одржиме чекор со подемот на креативните индустрии, истовремено задржувајќи го првичниот карактер на програмата. Метаверзумот и повторното откривање на трендот на аватари и виртуелно музичко искуство се едни од највозбудливите иновации во моментот“, објаснува Волфганг Кампартолд, потпретседател за меѓународни маркетинг комуникации во Дојче Телеком. „Заедно со нашиот прекрасен тим на креативци, успеавме да создадеме уникатен виртуелен простор којшто сакаме да продолжиме да го користиме за понатамошни клупски настани со цел да ги надополниме нашите програми од реалниот свет. Многу сум возбуден да видам како публиката го исполнува нашиот виртуелен клуб со живост и со нетрпение го очекувам ова ново искуство“.