Компанијата Xiaomi неодамна го претстави Xiaomi TV Stick 4K, кој им овозможува на корисниците да стримаат 4К телевизија било каде, со поддршка за Dolby Atmos и Dolby Vision.
Xiaomi TV Stick 4K претставува уред кој лесно го претвора секој ТВ уред во паметен телевизор, нудејќи им на корисниците десетици опции за гледање различни содржини, сурфање на интернет или играње игри. Сè што треба да направите е да го поврзете вашиот уред со вашиот телевизор и да се поврзете на Wi-Fi мрежа.
Уредот обезбедува 4K резолуција од 3840 x 2160 пиксели на телевизорот, а во комбинација со технологијата Dolby Vision го подига корисничкото искуство на повисоко ниво и донесува живописни снимки директно во вашата дневна соба. Исто така, компактниот дизајн на Xiaomi TV Stick 4K се одликува со четиријадрен Quad-core CotexA35+ процесор кој обезбедува моќни перформанси. Без разлика дали гледате филм со висока дефиниција, слушате музика или играте игри, можете да очекувате исклучителна брзина и стабилност со новиот TV Stick. Благодарение на димензиите, можете да го носите овој уред секаде со себе и да емитувате тв сигнал со највисок квалитет каде и да сте.
Xiaomi TV Stick 4K пристигнува опремен со Android TV 11 оперативниот систем и нуди едноставно корисничко искуство. На уредот се инсталирани и Netflix, Amazon Prime Video и Youtube, кои нудат пристап до најновите содржини и овозможуваат да се откријат повеќе од 400.000 филмови и емисии. Бидејќи уредот го содржи интегрираниот Google Assistant, овозможен е пристап до многу забавни содржини, но можете да го користите и за контрола на паметните уреди во вашиот дом и за пребарување информации. А за сите телевизори кои не ја нудат таа опција, постои функција за препознавање на говорот. Со помош на вградениот Chromecast, секогаш можете да стримате содржина од телефонот или лаптопот на големиот екран.


