Подоцна во текот на оваа година, Intel планира да објави нова генерација на десктоп процесори, наречени „Raptor Lake“, а ќе станува збор за процесори од 13-та генерација на компанијата.
Со Alder Lake линијата, Intel ги направи Hybrid x86 процесорите достапни за поширока група корисници, додека Raptor Lake ќе додаде повеќе E-јадра во премиум производите. Raptor Lake доаѓа со до осум P-јадра и 16 E-јадра,а сите би требало да овозможат зголемени перформанси и поголема брзина на часовникот.
Според @OneRaichu, Intel треба да „извлече“ дополнителни 200-300 MHz од Raptor Lake во споредба со Intel i9-12900KS процесорот, што ќе му овозможи на новиот процесор да достигне такт од 5,8 GHz. Со Raptor Lake, Intel се приближува до 6GHz брзини на процесорскиот такт, како стандард.
Со новиот процесор, Intel ветува и подобрени можности за оверклокување и зголемување на перформансите над 10 проценти, како и повеќе L3 кеш. Сето ова треба да овозможи подобрени перформанси на Raptor Lake процесорот, посебно во сегментот на гејмингот.