Првите извештаи за претстојната iPhone 14 серија се појавија во ноември минатата година, односно веднаш по претставувањето на iPhone 13 моделите. Информациите тогаш сугерираа дека iPhone 14 Pro и Pro Max ќе имаат USB Type C приклучок, наместо сега веќе застарениот Lightning порт.
Оваа информација изгледаше уште поверојатна откако беше објавено дека Европската унија ќе ги принуди производителите (меѓу кои и Apple) да се префрлат на USB-C, но се чини дека Apple се уште не се откажува поради една многу важна причина.
Според iDropNews, Apple сè уште може да го задржи Lightning портот за целата своја iPhone 14 серија, а во извештајот се наведува дека причината за овој потег е едноставно профит.
Првично се мислеше дека Apple планира да се префрли на нов дизајн без никакви физички портови, но се чини дека годинава тоа нема да се случи. Компанијата ќе продолжи со истата полиса, односно ќе се добива кабел во кутијата, а полначот ќе може да се купи засебно.
Ако се прашувате зошто полначите и каблите на Apple се толку скапи и зошто USB-C приклучоците на компанијата не би биле со иста цена, причината е што компанијата може да наплати авторски права од производител од трета страна, кој сака да продаде кабел што има Lightning конектор, додека USB-C може да биде произведен од било кого.
Со други зборови, преминот кон универзалниот USB-C стандард би довело до губење на постојан прилив на приходи. Како што е ситуацијата во моментов, многу е веројатно дека компанијата ќе се држи до сопствениот дизајн додека конечно не биде пуштен во продажба iPhone без ниту еден физички приклучок.