Европскиот парламент за внатрешен пазар и заштита на потрошувачите (ИМЦО) го усвои предлог-законот за воведување универзален полнач за мобилни телефони и други електронски уреди од различни производители.
Четириесет и три од 45-те членки на ИМЦО усвоија став за нацрт-законот на ЕУ, кој сега се подготвува за гласање на престојната мајска пленарна сесија во Стразбур. Тој има за цел да им овозможи на потрошувачите да користат еден полнач за мобилни телефони, таблети, дигитални камери, слушалки, конзоли за игри, преносни звучници и други мали и средни уреди што е можно поскоро.
Според членовите на Одборот, со ова ќе се намалат трошоците за потрошувачите, а ќе се намали и количеството на електронски отпад.
Common charger ✅MEPs agree on proposal to reduce electronic waste
Today @EP_SingleMarket MEPs adopted with a large majority @alexagiussaliba report: 43👍2👎
Press release ➡️https://t.co/xcuMbAd9nx
— IMCO Committee Press (@EP_SingleMarket) April 20, 2022
Според предлог – законот на ЕП, уредите треба да бидат опремени со приклучок за УСБ од тип Ц, без разлика кој ги произведува, а единствен исклучок би биле уредите кои се премногу мали за да се воведе овој конектор, како што се паметните часовници и некои други мали електронски спортски уреди.
– Со половина милијарда преносни полначи испорачани во Европа секоја година, кои произведуваат од 11.000 до 13.000 тони е-отпад, овој Закон ќе биде решение да ставиме крај на отпадот. Одлуката ќе биде од корист за сите – рече известувачот Алекс Агиус Салиба од редовите на социјалистите.
Тој истакна дека со ова ќе се помогне на животната средина и ќе ги намали непотребните трошоци и проблеми за потрошувачите и производителите“. Според најновото истражување на ЕК потрошувачите воопшто не ја отвораат амбалажата на еден од трите полначи кои се пласираат во промет низ земјите.