NASA објави дека на 30 април ќе дојде до блиска конјукција на Венера и Јупитер.
Деновиве на небото ќе се појави навистина ретка појава, па дури четири планети ќе бидат видливи со голо око. Венера, Марс, Јупитер и Сатурн ќе формираат ред, а на северната хемисфера тоа најдобро ќе може да се гледа меѓу 5 и 6 часот наутро, соопштија астрономите за „Дејли мејл“.
Сатурн, Јупитер, Марс и Венера последен пат вака биa забележани во 2020 година, а пред тоа во 2016 година и 2005 година.
Џејк Фостер од Кралскиот музеј на Гринич изјави дека формациите ќе бидат видливи на почетокот на мај.
Сите кои сакаат да ја видат оваа појава препорачливо е да се свртат на исток пред изгрејсонце и да побараат четири светли точки пониско на хоризонтот.
Венера ќе биде забележливо најсјајна од сите четири планети, ќе сјае во блескаво бела светлина. Јупитер ќе биде втора планета по сјајност, исто така ќе сјае во бела светлина. Сатурн ќе биде помалку светла од останатите три поради тоа што ќе биде повеќе оддалечена од Сонцето.
„Марс ќе биде најразновиден од останатите планети поради својата боја која со голо око ќе се гледа во портокалова боја“, објаснува Фостер.
NASA објави дека на 30 април ќе дојде до блиска конјукција на Венера и Јупитер.