Минатата недела се појавија првите фотографии од најновиот телефон Vivo X80 Pro+, кои укажуваа на дизајнот на модулот на задната камера. Можеше да се види огромен коцкаст модул со кружно куќиште за камерите, но и екран од десната страна како оној што првпат беше забележан кај Xiaomi Mi 11 Ultra.
Покрај тоа, се појавија уште некои информации за Vivo X80 серијата, како што е унапредениот V1+ ISP, како и Dimensity 9000 или Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 мобилните чипсети за различните модели во оваа серија уреди.
Прилично модерниот дизајн е комбиниран со многу моќни спецификации, а сега се појавија и информации дека овој уредот ќе го претстави и најновиот Sony IMX866 RGBW сензор за главната камера.
Sony IMX766, кој се појави во Vivo X70 генерацијата, користи стандардна Quad Bayer технологија која спојува четири соседни пиксели во еден, за да ја намали големината на креираната фотографија, а со идентичен квалитет. Новиот сензор на Sony користи сосема поинаков RGBW филтер кој би требало да фати повеќе светлина, а чии фотографии дополнително ќе бидат подобрени со V1 алгоритмите за процесирање на сликата.
Според информациите кои моментно се достапни, овој сензор би требало да биде со иста големина како неговиот претходник, со формат 1/1.5 инчи. Во овој момент, се уште нема информации за тоа која би можела да биде резолуцијата на овој сензор.