Garmin претстави нова паметна нараквица наречена vivosmart 5. Алката има заоблен дизајн на OLED екранот, кој е за 66 проценти поголем од оној на претходникот. Димензиите на екранот се 0,41″ x 0,73″ со резолуција 88 x 154 пиксели. Материјалот на куќиштето е изработен од поликарбонат, додека изменливите ремени се направени од силикон.
Garmin наведува дека нараквицата може да понуди до седум дена автономија без следење на кислород во крвта за време на спиењето, но компанијата не го открива капацитетот на батеријата.
Vivosmart 5 доаѓа со вообичаениот опсег на здравствеи и фитнес функции, како што се бројот отчукувањата на срцето, следење на спиењето, спортските активности, бројач на чекори итн. Нараквицата може да го мери и нивото на кислород во крвта (во зависност од регионот) и нивото на стрес, како и нивото на енергија во телото. Vivosmart 5 има и можност да го следи менструалниот циклус кај жените.
Garmin посебно ја истакна функцијата Fitness Age, која ја користи вашата возраст, неделна активност, отчукувањата на срцето во мирување и BMI (индекс на телесната маса) за да процени дали вашето тело е помладо или постаро отколку што навистина е. Постои и функцијата за безбедност и следење за избраните активности на отворено. Таа овозможува да испраќате предупредувања до вашите контакти во итен случај, што дополнително ја испраќа вашата локација до контактите.
Меѓу другите функции, Garmin vivosmart 5 поседува паметни предупредувања (за повици/SMS/апликации), како и 5 ATM водоотпорност.
Паметната алка е достапна е во три бои – бела, црна и минт со три опции на големина – мала, средна и голема. Цената на Garmin vivosmart 5 изнесува 150 долари во САД и веќе е достапна за купување.