Следниот смартфон на преклоп на Huawei треба да биде пуштен во продажба многу наскоро, а производителот објави на социјалните мрежи дека планира да биде домаќин на претставувањето на Mate Xs 2 на 28 април.
Ова ќе биде модел што го следи Mate X2, иако името сугерира дека може да продолжи во духот на првиот Mate Xs. Би можело да станува збор за ревидирана, малку подобрена верзија на Mate X2 или помоќна верзија на Mate Xs, што е сосема поинаков уред, бидејќи има голем флексибилен екран, што се свиткува околу надворешната страна на уредот.
Ова се само шпекулации базирани исклучиво на тоа колку Mate Xs беше сличен на првиот Mate X уред на преклоп. За жал, сведени сме само на гласини, идејќи засега има многу малку информации за смартфонот.
Единственото нешто во што можеме да бидеме сигурни е дека ќе станува збор за флексибилен телефон, веројатно во стил на книга со голем внатрешен екран и тесен екран однадвор, или како што споменавме, со голем екран наоколу.
Напорите на Huawei на пазарот на паметни телефони беа сериозно попречени од американските санкдии и наметнатите ограничувања. Ова значеше огромно намалување на работната сила во однос на производството на смартфони.
Ова доведе до тоа на некои уреди да им требаат месеци за да бидат лансирани надвор од Кина, додека некои телефони воопшто не беа ни пуштени во продажба на западните пазари. Со оглед на тоа дека ова лансирање беше најавено на социјалната мрежа Weibo, се сомневаме дека ќе биде исто и во случајот на Mate Xs 2.