Новата функција за верификација на Viber во два чекора им овозможува на корисниците да ги автентицираат своите сметки, да го намалат ризикот од киднапирање на сметката и да ја заштитат нивната приватност.
Компанијата Rakuten Viber, глобален лидер во приватната и безбедна размена на пораки го најавува воведувањето на најновата функција – верификација во два чекора. Дополнителното ниво на безбедност им овозможува на корисниците да ги автентицираат своите сметки користејќи пин-код и мејл. Оваа функција постепено ќе биде воведена во голем број земји во текот на мај.
Пораките на Viber се веќе шифрирани од крај до крај, со што се елиминира пристапот до податоци од трети страни, а функцијата за пораки што исчезнуваат им дава на корисниците дополнителна контрола врз тоа кој гледа што испраќаат. Најновата функција за верификација во два чекора ќе им ја обезбеди на корисниците безбедноста што им е потребна за да комуницираат.
Корисниците кои ќе изберат да ја активираат функцијата за двостепена верификација ќе треба да креираат ПИН од шест цифри и да ја верифицираат својата мејл адреса.
За да се најави на Viber преку мобилен уред или десктоп – корисникот ќе треба да ја верифицира сметката со внесување на својот индивидуален ПИН-код. Во случај кодот да биде заборавен, ќе се користи потврдена мејл адреса зза да му помогне на корисникот да го врати пристапот до неговата сметка.
Дополнително, поседувањето PIN код ќе ја спречи можноста за деактивирање на сметката со помош на Viber за десктоп. Секој што ќе се обиде да ја деактивира сметката на Viber преку десктоп ќе мора да користи ПИН-код.
Новата функција на Viber им овозможува на корисниците да применуваат дополнителни безбедносни мерки за да се обезбеди приватност на нивните сметки. Верификацијата во два чекора штити од хакери кои киднапираат кориснички сметки за да испратат спам или да пристапат до приватни информации.