На интернет се појави видео на кое наводно се гледа како еден од огромните кинески разурнувачи Тип 055 лансира мистериозна нова ракета од една од неговите вертикални ќелии за лансирање. Иако не е сосема јасно за каков проектил се работи и каков концепт на операции поддржува.
На видео клипот се гледа како проектил кој е таканаречено „ладно лансиран“, а потоа пали ракетен погон и почнува да лета. Ракетниот дел е релативно краток, додека самиот проектил има долга конусна форма со мали крила во основата. Дизајнот е многу сличен на типот на балистичка ракета MaRV.
Оружјето што е видено е најверојатно поморска противбродска балистичка ракета за која претходно беше најавено дека е во развој. Поставувањето на такво оружје во погон на море би имало големи импликации, бидејќи моментално единствените кинески капацитети за противбродски балистички ракети се копнени, а типот на воздушно лансирање е во развој.
Всушност, истиот ден кога се појави видеото, беше објавена и веста за кинеската противбродска ракета „Eagle Strike“ JY-21, која се лансира од воздух и која Кинезите се уште ја нарекуваат убиецот на носачи на авиони. Тајмингот на сите овие настани и послужи на Кина како извесна неформална стратешка порака, пред сè до Соединетите Држави.
Се чини дека проектилот користи потенко, поиздолжено маневрирачко тело со конусна форма во споредба со она што се наоѓа на YJ-21. Во комбинација со многу пократкиот ракетен дел од проектилот, дизајнот е јасно оптимизиран за да се вклопи во тесните граници на вертикалните ќелии за лансирање на бродот. Релативно краткиот ракетен погонски дел значи и намален дострел, но ова е разумен компромис со оглед на тоа што оружјето веќе би било распоредено на море, за да дејствува против поморски цели. Дури и опсег од неколку стотици километри би бил корисен. Истиот проектил веројатно би можел да погоди фиксни цели на копно.
Порталот The War Zone шпекулира и дека можеби станува збор за нов тип на крстосувачка ракета или ново противвоздушно оружје, но признаваат дека овие можности се помалку веројатни и дека тоа е само шпекулација.
Без оглед на мистеријата околу овие нови оружја, тоа е уште еден потсетник дека Кина напредува со нови концепти за оружје за својот растечки арсенал.
Извор: Zimo.hr