Светот на незаменливите токени (NFT) понекогаш е чудно место. Еден студент од Холандија ја продава својата душа во облик на дигитално уметничко дело.
Станува збор за 21-годишниот Стијн ван Шаик, студент на уметничка академија во Хаг. Тој ја продава својата душа на платформата „Опенси“. Уметничкото дело наречено „Душата на Стинус“ ќе му биде продадено на оној што ќе ја понуди највисоката сума.
„Здраво, моментално гледате во душа. Засега таа е моја. Откако ќе биде прикачена на блокчејн, којзнае што ќе се случи. Што значи душата да биде децентрализирана? Ајде да откриеме“, напишал студентот.
Во начините на кои неговата душа би можела да се користи по продажбата, Шаик навел жртвување или нудење на кое било божество или духовна единка. Има и договор според кој се наведува кому може да му биде продадена душата.