Motorola го претстави Moto G Stylus 4G (2022) уште во февруари, а сега пристигнува и 5G верзијата. Покрај него, Motorola го објави и Moto G 5G (2022), надоврзувајќи се на Moto G 5G претставен во ноември, 2020. година.
Moto G Stylus 5G (2022)
Телефонот е опремен со 6,8-инчен 120Hz FullHD+ LCD екран, има Snapdragon 695 чипсет спарен со 8GB RAM и 256GB простор, кој може да се прошири до 1TB преку microSD картичка. Од софтверска страна, се добива Android 12 со My UX скин.
Што се однесува до камерите, примарната камера е сензор од 50 MP (со OIS) на која и се придружува широкоаголен сензор од 8MP и сензор за длабочина од 2MP. За селфи фотографиите е задолжен сензор од 16MP.
Како што може да се забележи од името на уредот, тој е опремен и со пенкало, кое ќе биде задолжено за некои основни задачи како што се фаќање белешки, пишување натписи, цртање скици и уредување фотографии на телефонот.
Што се однесува до останатиот дел на смартфонот, Moto G Stylus 5G (2022) има страничен скенер за отпечатоци, веќе познат дизајн, 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, USB-C порт и NFC. Смартфонот има батерија од 5000 mAh со поддршка за TurboPower 10 и Quick Charge 3.0.
Во однос на цената, таа ќе изнесува 500 долари (465 евра), а во САД ќе се продава од 28 април.
Moto G 5G (2022)
Moto G 5G (2022) го покренува Dimensity 700 чипсет и има 6,5-инчен HD+ 90Hz LCD панел. Уредот работи на My UX интерфејс базиран на Android 12 и доаѓа во единечна конфигурација на меморија од 6GB/256 GB. Меѓутоа, има можност за проширување на просторот за складирање до 512GB преку microSD картичка.
Moto G 5G (2022) има селфи камера од 13 MP и систем за тројна камера на задната страна, кој е комбинација од примарен сензор од 50 MP, макро од 2 MP и сензор за длабочина од 2 MP.
Уредот доаѓа со страничен скенер за отпечатоци и USB-C порт на дното. Поседува и 3,5 милиметарски приклучок за слушалки, а батеријата од 5000 mAh со поддршка за полнење од 10 W е задолжена за автономија.
Motorola Moto G 5G (2022) ќе се продава во САД за 400 долари (370 евра) почнувајќи од 19 мај.