Samsung се подготвува да ги лансира Galaxy Z Flip4 и Z Fold4 уредите ова лето, а како дел од подготовките одлучи колку примероци ќе произведе во јули, пред излегувањето на двата нови модели.
Според Рос Јанг од DSCC, реномиран извор кога станува збор за сите работи што се однесуваат на екранот и уредите што се преклопуваат, Samsung очекува дека претстојните флексибилни уреди ќе бидат многу побарани од нивните претходници, Galaxy Z Fold3 и Z Flip3.
Тоа е затоа што компанијата наводно се подготвува да произведе повеќе од двојно повеќе примероци во текот на месец јули – тоа е двојно повеќе од од бројот за Z Fold3 и Z Flip3 минатата година. Значи, очигледно е дека има одредени очекувања дека новите уреди ќе имаат повеќе од одлична побарувачка.
И тоа нè наведува да го размислиме за следното прашање: дали ова значи дека Samsung ќе ги направи новите Fold и Flip поевтини од нивните претходници? Ќе почекаме уште малку и се надеваме дека ќе бидеме во право.