Извршниот директор на Teslа и Space X, Eлон Маск го коментираше падот на акциите на стриминг платформата Netflix и бројот на претплатници.
Милијардерот ова го поврза со доминацијата на либералната агенда и таканаречената култура на будност (woke-culture). Терминот доаѓа од глаголот „разбуди се“ и нè враќа во 1930-те, кога афро-американските кругови се обидуваа да се борат против расизмот и социјалната неправда. Во последниве години, поимот стана се повеќе распространет – се однесува на се што е поврзано со левичарската политика, либералните движења, феминизмот, ЛГБТ-активизмот.
„Културата на будност ја прави содржината на Netflix негледлива“, напиша Маск на Твитер во коментар за падот на акциите.


