Google Pixel Watch поминува низ сценариото на Apple iPhone 4. Некогаш одамна, сè уште необјавен и со непознат изглед, iPhone 4 беше заборавен во ноќен бар. Уредот беше ненамерно оставен од вработен во Apple, кој во тоа време го тестираше. Откако го пронајде Брајан Хоган, го предаде на порталот Gizmodo кој на Хоган му плати 5.000 долари и ги објавил фотографиите. Веднаш потоа, Apple им објави војна на сите инволвирани страни, а останатото е историја.
Сега, слично нешто се случува со Google Pixel Watch, митскиот паметен часовник на технолошкиот гигант кој никако да ја види светлината на денот. Имено, Pixel Watch исто така е забележан во кафе-бар во САД, па ги добивме првите фотографии од паметниот часовник.
![]()
Според фотографиите кои сега се достапни, сите наводи во врска со дизајнот на часовникот се во согласност со информациите кои досега ги објавивме. Значи, постои еден вид ретро дизајн кој ги нагласува многу заоблените рабови, како и металната рамка на паметниот часовник. Според нас, иако екранот е малку помал отколку што би сакале, уредот изгледа многу привлечно и доста квалитетно направен.
Во моментов ништо не се знае за изгледот на оперативниот систем кој ќе го покренува часовникот, освен една буква G на почетниот, претпоставуваме, „boot“ екран на овој уред за носење. Покрај тоа, во око упаѓа и круната која најверојатно ќе се користи за избор на менијата и многу повеќе, а која дополнително зрачи со одреден ретро шарм.
![]()
Под оваа круна има отвор што би можел да биде куќиште за микрофонот. Покрај тоа, забележуваме и отвори за сензорот за пулс, како и можност за ЕКГ, односно електрокардиограм.
Што се однесува до нараквицата која е фотографирана покрај часовникот, изгледа како класична силиконска нараквица во мат сина боја со интересен механизам за прицврстување на телото на часовникот. Се на се, еден атрактивен уред за кој многу луѓе ќе бидат заинтересирани, а според се она што се случува, се чини дека нема да мораме уште долго да чекаме за официјални информации.
![]()


