Apple работеше напорно во последните неколку години на примената на Mini LED технологијата во своите производи. По долго чекање, компанијата конечно претстави нова дисплеј технологија со 12,9-инчниот iPad Pro, а минатата година следуваа и новите MacBook Pro лаптопи. Новиот екран нуди поголема ефикасност и посветли бои од конвенционалните LCD екрани. Според Display Supply Chain Consultants (DSCC), Apple би можел да стане доминантна компанија кога станува збор за Mini LED технологијата во наредните години. Судејќи според се, испораката на дисплеи што користат Mini LED технологија ќе надмине 40 милиони примероци до 2026 година.
Благодарение на iPad Pro, кој користи Mini LED технологија, просечната квартална испорака на Mini LED дисплеи ќе достигне еден милион примероци во 2022 година. Според извештајот, можат да бидат достигнанти значителни количини подоцна оваа година. Најновите индустриски истражувања покажуваат дека Mini LED производите на Apple ќе доминираат на пазарот во следните неколку години. Покрај тоа, истражувачите очекуваат дека цената на Mini LED позадинското осветлување значително ќе се намали во следните неколку години. Се очекува Apple да донесе кинески снабдувачи овој квартал, па технологијата би можела да стане значително поевтина со повеќе понуди.
DSSC понатаму наведува дека со пониски трошоци за производство и понатамошна вертикална интеграција, цената на Mini LED диодите повеќе нема да биде „надвор од дофат“. Затоа, Apple може да ја прошири оваа технологија на повеќе производи наместо да ја чува само за премиум уредите. Големото прашање сега е дали и други компании ќе се приклучат на овој тренд или не.
Вреди да се напомене дека Mini LED екраните се почетниот чекор кон Micro LED дисплеи. Apple работи на Micro LED технологија, но мини LED засега е на прво место. Micro LED технологијата е слична на OLED со самоемитирачки пиксели, од кои секој може независно да биде осветлен. Тоа е технологија која има потенцијал да го замени OLED во иднина. За жал, се уште нема индикации за уреди со оваа технологија.