По воведувањето на санкциите, Huawei не се откажува и продолжува да се бори. Бидејќи сите подбрендови на компанијата беа под санкции, Honor беше продаден, што му овозможи да продолжи целосно да функционира на пазарот. Сега смислија уште едно решение и името на брендот е – Hi Nova.
Компанијата Hi Nova беше лансирана во 2021 година и е во сопственост на кинеската државна пошта. И одеднаш, China Post лансираше свои паметни телефони, кои се изненадувачки слични на уредите од Nova серијата на Huawei. Уште во 2019 година, China Post и Huawei потпишаа договор за партнерство.
Лесно е да се претпостави дека развојот, создавањето и производството на мобилни уреди му припаѓа на Huawei, додека од Кинеската пошта има само табличка со натпис и купување на компоненти, на кои на нивниот партнер во овој бизнис му е блокиран пристапот. На тој начин Huawei ги доби потребните компоненти, особено 5G чиповите, а може да биде инсталирана и најновата верзија на Android со сите услуги на Google.
Примерот за такво заобиколување на санкциите и заедничка соработка меѓу двете компании беше смартфонот Hi nova 9 Pro, кој беше резултат на ребрендирањето на Huawei Nova 9 Pro. Има 6,72-инчен OLED екран со резолуција од 2676 × 1236 пиксели со стапка на освежување од 120 Hz и поддршка за HDR10+, Snapdragon 778G чипсет, 8 GB RAM и 128/256 GB простор за складирање. Има четирикратна задна камера 50 MP + 8 MP + 2 MP + 2 MP, предна камера од 32 MP и батерија од 4000 mAh со брзо полнење од 100 W.
Во оваа фаза, Hi Nova брендираните уреди се достапни исклучиво во Кина. Но, експертите не исклучуваат дека асортиманот на уредите ќе расте и веројатно подоцна ќе се појави надвор од Кина.
Hi Nova 9 5G варијантите со 8 GB RAM + 128 GB складирање и 8 GB RAM + 256 GB чинат околу 361 долари и околу 534 долари. Hi Nova 9 Pro 5G моделите со 8 GB RAM + 128 GB складирање и 8 GB RAM + 256 GB чинат околу 596 долари и околу 659 долари. Двата модела доаѓаат во четири бои: Fantasy Forest, Fantasy Roland, Fantasy Galaxy и Bright Black.