Сегашните М1 чипови на Apple се користат во MacBook, Mac и iPad линијата , така што на компанијата и треба големо количество од тие чипови. Тоа значи дека кој и да се приклучи на синџирот на снабдување со Apple М1 чипови е подготвен за сериознa финансискa добивка.
Samsung е еден од оние снабдувачи за Apple кои произведуваат FC-BGA подлоги, кои се клучни за модерните чипови со висока густина. Секако, корејскиот технолошки гигант сака да се вклучи и во производството на Apple M2 чиповите.
Таканаречената Samsung Electro-Mechanics е прилично блиску до склучување договор со Apple за производство на истите FC-BGA подлоги за претстојниот М2 чип. Овој извештај се совпаѓа со неодамнешните информации за Samsung, кој инвестираше повеќе од милијарда долари во изградбата на производствената фабрика FC-BGA во Виетнам и вложи повеќе од 241 милион долари во веќе постоечката фабрика во Јужна Кореја.