Кина продолжува вредно да работи на својата цел да стане глобален лидер во вселенската технологија, а пример е планот за развој на технологија за промена на орбитата на потенцијално опасните астероиди со помош на кинетички удирач.
Кинеската мисија за одбрана на планетата може да се спореди со онаа на NASA, DART мисијата (Double Asteroid Redirection Test) која е лансирана во ноември 2021 година, за да се изведе судар со месечината на астероидот Диморфос, а која ќе се се случи годинава во септември.
Кина е неколку чекори зад NASA, но наскоро ќе биде објавено истражување со цел развој на нови системи за пренасочување на астроидите кои се наоѓаат во близина на Земјата.
Во текот на конференцијата за медиуми која е прикажана на Кинеската централна телевизија, директорот на Кинеската национална вселенска администрација (CNSA) Ву Јанхуа, рече дека Кина сака да развие систем за рано предупредување на астероиди, како и симулациски софтвер за тестирање на основните процедури за нејзината технологија наменети да ја одбранат планетата.
Ако почетните фази на процесот поминат според планот, Кина ќе покрене мисија за набљудување на потенцијално опасни астероиди, а потоа ќе ги погоди за да му го смени патот. Мисијата е планирана за 2026 година.