Ветено, а досега неисполнето, но на крајот се чини дека Sony ги реши софтверските проблеми и е подготвена да ја донесе поддршката за Variable Refresh Rate или VRR на својата најнова конзола.
Според блогот на PlayStation, компанијата објави дека корисниците можат да очекуваат нивните конзоли да добијат VRR функционалност во одреден момент оваа недела.
Значи, сите оние кои имаат телевизори или монитори со HDMI 2.1 влез конечно ќе можат да ги искусат гејмерските опции што ги носи VRR. Да потсетиме, ова е технологија која овозможува непречено прикажување на сликата без артефактикација за време на играњето. Нема повеќе поделба на сликата на екранот и нема проблеми со динамиката на кадарот. Покрај тоа, VRR треба дополнително да го намали инпут лагот што се јавува при користење на гејмпедот со безжична конекција, што е уште една добредојдена промена.
Сепак, поддршката за VRR нема да се појави во сите видео игри достапни на конзолата PlayStation 5, туку само на одредени, а моментно на листата се следните наслови:
- Astro’s Playroom
- Call of Duty: Vanguard
- Call of Duty: Black Ops Cold War
- Deathloop
- Destiny 2
- Devil May Cry 5 Special Edition
- DIRT 5
- Godfall
- Marvel’s Spider-Man Remastered
- Marvel’s Spider-Man: Miles Morales
- Ratchet & Clank: Rift Apart
- Resident Evil Village
- Tiny Tina’s Wonderlands
- Tom Clancy’s Rainbow Six Siege
- Tribes of Midgard