Apple продолжува да биде во фокусот на интерес на глобалната технолошка сцена, како во светот на смартфоните, така и во светот на лаптопите и десктоп компјутерите. Во момент кога се уште официјално не е претставена ни Apple M2 серијата процесори, Apple веќе напорно работи на M3 процесорските решенија, кои треба да се појават за прв пат во новиот iMac, што можел да дебитира во втората половина на 2023 година.
На 6. јуни не очекува Конференцијата за програмери на Apple наречена WWDC, односно Wordwide Developer Conference. По тој повод, најверојатно ќе го видиме новиот Apple Mac Pro, најмоќниот десктоп компјутер на компанијата, како и MacBook Air, кој најверојатно ќе го покренува M2 процесорот.
Apple веќе заврши со претставување на производи базирани на M1, така што M2 ќе биде ново решение што ќе се користи во производството на Mac и iPad уредите. Во моментов, M1 Ultra (комбинација од два M1 Max чипови) е најбрзиот што компанијата досега го произведе, а очекувањата од M2 серијата се огромни.
Во врска со тоа, интересно е да се размислува што следно ќе донесе М3 платформата, која најверојатно ќе се појави на iMac следната година. Според наводите на Wccftech: „Во моментов, M2 чиповите се единствените кои се тестираат во фабриката на Apple, но се шпекулира дека основниот M3 чипсет ќе се појави во iMac компјутерите во 2023 година“.