Специјалното издание на Samsung на флексибилниот смартфон Galaxy Z Flip 3 наречено Pokemon Edition е распродадено во Јужна Кореја за само неколку минути.
Продажбата се отвори преку продавницата Galaxy Campus на Samsung во Сеул и онлајн продавницата, а сите достапни уреди беа распродадени за само неколку минути по цена од 1.024 долари.
Специјалното издание, односно пакетот подразбира кутија дизајнирана на тема популарни Покемони, смартфон, специјална Pokemon торбичка, налепници Pikachu, држач за мобилен телефон Pokeball и прстен за клучеви Pikachu. Исто така, дел од пакетот е и едногодишен план за осигурување Samsung Care+.
Засега не е познато дали овој специјален пакет ќе биде достапен и на другите пазари освен во Јужна Кореја.