Во текот на претходната недела се појавија многу неофицијални информации за новата Vivo линија мобилни уреди , која засега се состои од два смартфона, X80 и X80 Pro. Многу се зборуваше за модулот на камерата, што е навистина импресивен, но имаше и други гласини. Сега уредите конечно се објавени пред публиката и точно знаеме што донесуваат. Засега сè уште нема официјални информации за најмоќниот уред од оваа серија, vivo X80 Pro+.
Vivo X80 го покренува MediaTek Dimensity 9000 чипсет, а има опции со 8GB или 12GB RAM, како и простор за складирање од 128GB, 256GB или 512GB. Батеријата има капацитет од 4.500 mAh и не поддржува безжично полнење, но сепак поддржува брзо полнење од 80W. Што се однесува до екранот, уредот има Samsung E5 AMOLED дисплеј со дијагонала од 6,78 инчи и брзина на освежување од 120 Hz. Дисплејот поддржува максимална осветленост од 1.500 нита и стопроцентна покриеност на DCI-P3 спектарот на бои.
Што се однесува до системот на камери, главниот сензор е Sony IMX866 RGBW со резолуција од 50 MP и отвор на бленда f / 1,75. Покрај тоа, оваа леќа има оптичка стабилизација. Има и дополнителен 2X сензор за зумирање п Sony IMX663 со резолуција од 12MP, кој има малку полош отвор на бленда споредба со истиот сензор што се користи во vivo X80 Pro – f / 1.98. Конечно, сензорот за камера со ултраширок агол има резолуција од 12 MP со отвор од f / 2.0. Предната камера е „punch hole“ со резолуција од 32MP и е иста како и поскапиот модел.
Помоќниот од овие два уреда, Vivo X80 Pro доаѓа со Qualcomm Snapdragon 8 Gen 1 мобилен чип или MediaTek Dimensity 9000 процесор. Покрај тоа, има 8GB или 12GB RAM, како и простор за складирање на податоци од 256GB или 512GB. Сето ова е заокружено со батерија од 4.700 mAh, која поддржува брзо жично полнење од 80 W, како и безжично брзо полнење од 50 W.
Екранот на овој телефон е со дијагонала од 6,78 инчи, а исто така станува збор за Samsung E5 AMOLED екран со QHD+ резолуција, кој овој пат е од LTPO2 тип и поддржува променлива брзина на освежување од 1Hz до 120Hz во зависност од содржината. Телефонот се одликува и со ултразвучен читач за отпечатоци сместен под екранот, што е спротивно на годинашните трендови каде што сите големи производители во светот на Android претставуваа смартфони со сензор за отпечатоци во копчето за вклучување на уредот.
Најинтересно на овој смартфон се секако камерите. Главната камера е со резолуција од 50MP, а се работи за ISOCELL GNV сензорот на компанијата Samsung со големина од 1/1.3 инчи, а со отвор на бленда од f/1.57. Покрај тоа, овој сензор има и ласерски автофокус, оптичка стабилизација на сликата, како и Pixel Shift технологија.
Камерата која обезбедува 2X оптички зум е Sony IMX663, а има резолуција од 12MP и отвор на бленда f/1,85, како и оптичка стабилизација на сликата на принципот на гимбал. Овој сензор е промовиран од Vivo како камера за портрети. Покрај тоа, има и 5X телефото сензор со резолуција од 8MP, исто така со оптичка стабилизација и отвор на бленда од f/3,4. Конечно, четвртиот сензор е Sony IMX598 со ултра широкоаголна резолуција од 48 MP. Навистина многу импресивен систем на камери, барем на хартија.