Барселона со новиот суперкомпјутер Mare Nostrum 5, чија инсталација се очекува до крајот на оваа година, ќе ја врати водечката позиција на европската мапа на суперкомпјутери.
Mare Nostrum 5 ќе биде 15 до 20 пати посилен од актуелната верзија Mare Nostrum 4, кој е втор најмоќен суперкомпјутер во Европа и 13-ти во светот, како и 10.000 пати побрз од првата генерација на овој компјутер произведен во 2004 година, кој во тоа време беше најмоќен на континентот.
Работата на инсталацијата на најновата верзија на суперкомпјутерот веќе почна во компјутерскиот центар во Барселона (BSC). Mare Nostrum 5, кој треба да биде подготвен за работа следната година, ќе има максимална моќ на процесирање од 200 петафлопи, што значи дека ќе може да изврши 200 милиони милијарди операции во секунда.
Неговата цел ќе биде првенствено за европски медицински истражувања, вклучувајќи лекови, вакцини и симулации на ширење на вирусi, како и за климатски предвидувања, развој на вештачка интелигенција, обработка на „big data“ и бројни други научни студии.
Вкупните трошоци за набавка, инсталација и работа во текот на пет години ќе изнесуваат 223 милиони евра, а половина од буџетот ќе биде финансиран од Европската унија.
Mare Nostrum 4 во 2021 година заработи 47,2 милиони евра, од кои 9,2 милиони од шпанската и каталонската влада, а 21,6 милиони од Европската комисија.