Компанијата Sony, заедно со Bose, произведува некои од најдобрите безжични „over-air“ слушалки во светот. WH-1000XM серијата безжични слушалки е меѓу најпознатите модели кај љубителите на квалитетниот звук и добрата редукција на шумот, а сега се појавија и првите информации и фотографии поврзани со најновиот модел од оваа серија – Sony WH-1000XM5.
Ова е наследник на многу успешниот модел Sony WH-1000XM4, па компанијата пред себе има многу тешка задача. Треба некои функции да се подобрат, да се зачува квалитетот на звукот, да се донесе малку помодерен изглед и да се заинтригираат корисниците да размислат за купување нови слушалки.
Според првите фотографии кои укажуваат на дизајнот на слушалките, се чини дека Sony за прв пат по три генерации на производот го направи првиот значаен исчекор во нивниот изглед. Она што го гледаме сега ни прикажува еден многу помодерен индустриски дизајн со почисти површини и поостри линии, што ги раздвојуваат сегментите на безжичните слушалки.
Според овие неофицијални фотографии, рачките кои ја поврзуваат рамката со самите слушалки сега се малку одвоени од целата конструкција, а се чини дека има малку повеќе постава, како на слушалките, така и на сегментот што се потпира на главата на корисникот. Покрај тоа, засега се достапни рендери кои сугерираат само две бои на слушалките – црна и бела.
Покрај тоа, достапни се уште некои неофицијални информации, како траење на батеријата од 40 часа со користење на активно намалување на вревата, додека се очекува батеријата да може да се дополни од 0 до 100 проценти за околу три и пол часа. Значи, новиот модел треба да обезбеди 10 часа аудио репродукција повеќе од неговиот претходник.
Од достапните фотографии може да се забележи дека прекинувачот за вклучување и исклучување на слушалки сега е слајдер, додека копчето кое претходно се нарекуваше „custom“, сега е именувано „NC / Ambient“, но и натаму се наоѓа на истото место на слушалките.