Вселенското летало, односно сондата OSIRIS-REx, која во вселената ја испрати американската вселенска агенција NASA, тргнува во нова мисија откако го посети астероидот Бену и собра примероци.
NASA ја продолжи мисијата на сондата, која сега ќе го проучува астероидот Апофис во период од 18 месеци. Мисијата ќе добие ново име, OSIRIS-APEX (OSIRIS-Apophis Explorer), а ќе патува до астероидот 30 дена откако ќе прелета над Земјата на 24 септември 2023 година. Сепак, овој пат нема да зема примероци, туку со своите потисници ќе делува на површината на астероидот за да го изложи она што е под него за цел на проучување.
Апофис претходно привлекуваше внимание поради страв дека би можел да се судри со Земјата во 2029 година, но научниците тврдат дека тоа нема да се случи. Сепак, астероидот и натаму е вреден за внимание, бидејќи ќе биде најблиску до Земјата кога станува збор за познатите астероиди со приближна големина. Научниците сакаат да го проучат ефектот на Земјината гравитација врз неа, за разлика од астероидот кој се поврзува со карбонски хондритски метеорити, додека Апофис е поврзан со воообичаните хондрити.
Продолжувањето на мисијата нема да биде евтино бидејќи ќе чини дополнителни 200 милиони долари на веќе утврдените трошоци од 1,16 милијарди долари. И покрај тоа, инвестицијата би можела да биде исплатлива доколку новата мисија им помогне на научниците подобро да ги разберат астероидите и ризиците што можат да ги претставуваат за Земјата.