Новата генерација на Poco F серијата уреди пристигна со дебито на моделот Poco F4 GT
Poco F4 GT го покренува Snapdragon 8 Gen 1 процесор, а уредот поддржува повисока брзина на полнење. Моќниот процесор е комбиниран со технологијата LiquidCool 3.0 составена од две комори за испарување, кои се наменети за ладење. Само за споредба, Poco F3 ја користеше 1.0 верзијата на оваа технологија, а сега коморите се 170 проценти поголеми од оние во F3 GT.
Уредот доби Adreno 730 GPU кој е 50 проценти побрз од претходната генерација, а има и рамен 6,67-инчен AMOLED екран со стапка на освежување од 120 Hz. Екранот поддржува милијарда бои, а на DisplayMate тестот доби оцена А+ откако собори или израмни 15 рекорди за перформанси. Брзината на одговор на допир е 480Hz, додека во случајот на моделот F3 изнесуваше 360Hz, односно е иста како и кај моделот F3 GT.
Уредот е наменет за гејмерите, па има дополнителни контроли во форма на копчиња кои се тестирани на повеќе од 100 популарни игри. Од друга страна, копчињата можат да се користат и за кратенки при „нормална“ употреба на уредот, на пр. за да се стартува камерата.
Poco F4 GT може да се пофали со досега најбрзото полнење благодарение на својот 120 W HyperCharge систем, кој ја полни батеријата од 4.700 mAh за само 17 минути. Има и режим на полнење во текот на играњето, што генерира помалку топлина, а времето на полнење на батеријата од 0 до 100 проценти капацитет трае 27 минути. Дизајнот на USB-C кабелот е приспособен за да не пречи кога уредот се користи во хоризонтална положба.
F4 GT е опремен со два сензора на Sony, odzadi e IMX686 сензор од 64MP, а тука се уште и ултрашироката камера од 8 MP и макро камерата од 2 MP. Одзади се наоѓа и сензор што го спречува треперењето кога се фотографира екранот.
Вториот сензор на Sony е IMX596, камера од 20 MP сместена во засек на екранот. На задната страна има и RGB осветлување кое се користи за известувања, како индикатор за полнење на батеријата и друго.
Купувачите ќе добијат и можност за една бесплатна поправка на екранот во првите шест месеци по купувањето.
Продажбата почнува во четврток преку водечките онлајн продавници во бројни региони, а уредот ќе биде достапен во Stealth црна, Knight сребрена и Cyber жолта боја. Во понудата ќе се најдат две верзии, основна со 8GB RAM и 128 GB простор за складирање, која ќе чини 600 евра и понапредна верзија со 12GB RAM и 256 GB интерна меморија, за која ќе биде потребно да се издвојат 700 евра.