- Метаверзумот на Telekom Electronic Beats во кој се сместени клуб, кино и музичка продавница беше промовиран на платформата Roblox
- Диџеј Борис Брејча имаше повеќе сетови во клубот како аватар од 22-24 април
- Анимацијата е дело на талентирани уметници од студиото The Gang (Шведска), Design Studio Yukiko (Берлин) и Џек Сакс
- Дојче Телеком е првиот телекомуникациски оператор којшто се приклучува на Roblox
Дојче Телеком преку својата музичко-иновативна платформа Telekom Electronic Beats (TEB) во метаверзумот го промовираше виртуелното клупско искуство „Beatland“. Промоцијата се одржи во светот на Roblox (NYSE: RBLX), што е всушност виртуелна платформа во метаверзумот развиена како место каде што корисниците ќе можат да имаат онлајн интеракција меѓу себе преку нивните аватари.
Промоцијата ја збогати светски познатиот диџеј и продуцент Борис Брејча, кој во форма на аватар имаше повеќе сетови во виртуелниот клуб, од 22 до 24 април. Покрај тоа што ќе можат да одат во клубот и да слушаат музика, корисниците преку нивните аватари ќе можат да купуваат и дигитални предмети во музичката продавница, како и да го посетат киното за да гледаат кратки, анимирани филмови од избрани уметници.
„Клабингот во денешно време претставува спој на она што е реално и она што е мета. Сите ние се стремиме кон нови технологии и иновации во културата на ноќниот живот. Навистина сум возбуден што ќе можам да комуницирам со заедницата, пуштајќи музика како аватар во метаверзумот – ‘Beatland’ на Telekom Electronic Beats“, вели Брејча.
Дојче Телеком е првата телекомуникациска компанија која разви свое метаверзум искуство на Roblox. Метаверзум платформата на Telekom Electronic Beats опфаќа клуб, кино и музичка продавница. Светот на „Beatland“ е дело на The Gang од Шведска, едно од водечките креаторски студија за Roblox, во соработка со Art Direction и Design Studio Yukiko од Берлин и аниматорот Џек Сакс. Тимот тесно соработуваше со FSM (Германско здружение за доброволна саморегулација на даватели на услуги за дигитални медиуми) за да создаде виртуелен свет во кој безбедноста е клучна цел. Како резултат на тоа, метаверзум искуството ги зближува младите луѓе од целиот свет со цел да ја искусат музичката култура на сосема нов начин.
Корисниците ќе можат активно да се вклучат во различни улоги во рамки на „Beatland“,прекуразни виртуелни работни места во ноќниот живот на „Beatland“, како што се: менаџер на музичка продавница, промотер или вратар на ноќен клуб. Сите во форма на аватар. Корисниците ќе можат да купуваат различни облеки за нивните аватари и разни дигитални производи во музичката продавница и во продавницата на Телеком со своите Beat Coins, виртуелна валута којашто ќе се заработува со извршување активности во „Beatland“. Приходите, собрани преку продажбата на „верчот“, потоа ќе се искористат за проширување и подобрување на целокупниот свет на „Beatland“. Посетителите на киното ќе можат да гледаат кратки филмови од Хеин Ким и Александра Бокова, чијашто цел е да ја подигнат свеста за општествено релевантни теми.
Секој може да има своја улога во рамки на метаверзумот на „Beatland“, преку разните виртуелни работни места на оваа платформа. Користејќи го сопствениот аватар, корисниците ќе можат да „работат“ како менаџери на музичка продавница, промотери, па и како вратари на ноќен клуб, а притоа ќе можат и да купуваат облеки за нивниот аватар и дигитални производи од продавницата на Телеком со своите Beat Coins – виртуелна валута која се заработува преку извршување активности во „Beatland“. Приходите, собрани преку продажбата на „верчот“, потоа ќе се искористат за проширување и подобрување на целокупниот свет на „Beatland“.
„Повеќе од 20 години, нашата платформа TEB е мостот којшто ги спојува културата и технологијата. Многу сум горд што успеавме да одржиме чекор со подемот на креативните индустрии, истовремено задржувајќи го првичниот карактер на програмата. Метаверзумот и повторното откривање на трендот на аватари и виртуелно музичко искуство се едни од највозбудливите иновации во моментот“, објаснува Волфганг Кампартолд.