Eлон Маск, кој неодамна стана нов сопственик на Twitter предложи на популарната платформа да се додаде „end-to-end“ енкрипција/шифрирање (E2EE) за директните пораки (DM).
„Директните пораките на Twitter треба да имаат „end-to-end“ енкрипција како Signal, така што никој не може да ги шпионира или хакира вашите пораки“, рече Маск во твитот.
Тој во изјавата истакна и дека слободата на говор е темел на функционална демократија, и дека Twitter е дигитален центар во кој се дискутира за теми важни за општеството.
„Сакам да го направам Twitter подобар од било кога, подобрувајќи го со нови функции, правејќи алгоритми со отворен код, со искоренување на спам-ботови и со верификација на сите луѓе“, вели Маск.
Twitter DMs should have end to end encryption like Signal, so no one can spy on or hack your messages
— Elon Musk (@elonmusk) April 28, 2022
Постојаниот недостаток на end-to-end енкрипција за директните пораки на Twitter предизвикаше загриженост, додека Electronic Frontier Foundation (EFF) тврди дека овој недостаток може негативно да влијае на приватноста и безбедноста на корисниците.
„Бидејќи DM не се шифрирани, самиот Twitter има пристап до директните пораки“, велат од EFF.